ЗА ИГРАТА

„Синхроницитети“ е игра за навистина креативно пишување. А истовремено и не е.

Всушност, „Синхроницитети“ поаѓа од претпоставката дека помеѓу нештата постојат врски кои длабоко и исконски ги познаваме, но сме ги подзаборавиле. Па се труди преку повторно будење на личниот однос со нештата да го преуредиме креденецот на смислата.

„Синхроницитети“ не е алатка за проективни техники и самопомош, а може да се користи како таква. „Синхроницитети“ е полна кутија играчки. Наше е да си играме без ригидни правила и остра компетитивност.

Шпил

СИНХРОНИЦИЕТИ

Шпилот „Синхроницитети“ го населуваат триесет непостоечки суштества. Тие не се ликови во вообичаената смисла на зборот, туку густи мапи од особености, расположенија и мизансцени. Можат да станат протагонисти, споредни ликови или само тивко присуство што ќе ја насочи приказната во неочекуван правец.

Шпил

AРХЕТИПСКИ

ПРЕДМЕТИ

Шпилот „Архетипски предмети“ содржи триесет предмети што никогаш не постоеле, а сепак изгледаат неверојатно познати. Чворови се од неочекувани поврзувања и молат да бидат асоцијативно распетлани. Секој од нив е поштенска марка на покана светот да се подреди според логосот, а не според логиката.

Шпил

ЛИТЕРАТУРНИ

ПРЕДИЗВИЦИ

Шпилот „Предизвици“ содржи педесет книжевни зачини, задачи и провокации. Голем дел од нив потекнуваат од традицијата на експерименталната литература и сведочат за Улипо. Картите се стремат да ги допрат границите на можностите на артикулацијата и пишаниот збор.

ФОРМАТИВНИ КАРТИ

КОЦКИ

Коцките внесуваат дополнителна непредвидливост во играта. Најчесто се користат за одредување на должината на текстот (бројот на зборови), но можат да послужат и за дефинирање на букви, временски рамки или други ограничувања. Како и со останатите елементи на играта, секоја креативна употреба е слободна и пожелна.